Иранската Анџелина во притвор поради богохулење и корупција

8.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иранската Анџелина во притвор поради богохулење и корупција

Сахар Табар (21), позната како „иранска Анџелина Џоли“, е уапсена и задржана во притвор по голем број обвиненија, вклучително и богохулење и поттикнување на насилство, пренесува „Гардијан“.

Таа беше приведена по наредба на судот во Техеран, кој смета дека се занимава со културен криминал и морална корупција. Поточно, тие ја обвинуваат за богохулење, поттикнување на младите луѓе на корупција, незаконско стекнување на имот и непочитување на правилата за облекување.

Иранката се „прослави“ поради неуспешните пластични операции со кои драстично го смени својот изглед во обид да наликува на холивудската ѕвезда Анџелина Џоли (44). Таа на својот профил на Инстаграм објави фотографии од естетски интервенции затоа што оваа социјална мрежа е достапна во Иран, додека други како Фејсбук и Твитер се официјално забранети.

Така, таа, наводно, била подложена на 50 естетски операции, а девојката признала дека со години гладувала и има само четириесет килограми. Голема инспирација за неа е ликот на „Мртвата невеста“, во која таа честопати се маскира за снимање.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата