Сакате анонимност и безбедност на интернет: Ова е за вас - VPN сервис!

28.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сакате анонимност и безбедност на интернет: Ова е за вас - VPN сервис!

VPN, или Виртуал Прајват Нетворк е сервис кој може да се добие су купување апликација која овозможува вашиот компјутер или телефон да има анонимна врска преку интернет, односно да добие друга ИП или лична адреса која ќе ја маскира вашата идентификација и на тој начин не сте видливи за сите кои сакаат да знаат од каде се јавувате, кој е вклучен во пребарувањето на интернет, или да ја смените државата која се гледа доколку некој сака да влезе во вашата интернет врска. Тоа нуди безбедност, слобода на комуникација и заштита од хакери, крадење на ваши податоци и слично. Тоа се обезбедува со низа протоколи и криптирање, шифрирање на содржините кои ги употребувате за комуникација на интернет.

Ова ниво на бедност е доста високо и, практично е можно за пробивање само од најсовршените светски системи за разузнавање кои ги имаат високо развиените служби во некои држави во светот, а за се друго под тоа ниво сервисот врши работа доколку изберете вистински провајдер, или фирма која го нуди тој сервис.

Неколку важни работи кои треба да се знаат е да не се користи бесплатен VPN сервис бидејќи тој обебзедува минимална безбедност но, бидејќи ништо не е бесплатно, таквите сервиси ги користат вашите податоци кои потоа ги продаваат на маркетинг агенциите. Најпознат бесплатен сервис е секако Hotspot Shiled кој заради голем број корисници на бесплатна услуга дури е во најголемите сервиси во топ десетте најдобри, иако има и опција за плаќање со полна заштита.

Секоја работа на сервисите ја намалува брзината на интернет врската бидејќи им треба време за криптирање, шифрирање на податоците при што загубата во брзина на интернет треба да биде во границите помеѓу 15-20%, но оние кои се меѓу најбебзедните како швајцарскиот ProtonVPN ili VayprVPN со свои сопствени технологии имаат висок степен на безбедност но загуба на брзината на интернет и до 30%.  Таа загуба не е болна за корисниците бидејќи секоја интернет врска над 10 Мегабити е сосема доволна за сурфање. Затоа се бара средна опција која е и брза и безбедна.

Во барање и безбедно и брзо секако лидери се NordVPN i ExpressVPN кои трета година по ред се лидери на пазарот, а кон нив на тоа ниво е и новиот провајдер  Surfshark VPN, компанија која има најбрз раст на VPN сервисите. Има и многу други критериуми за избор, како тој каде е регистриран сервисот при што е пожелно седиштето на фирмата да не е во САД, Британија, Канада или Германија односнод во држави кои имаат обврска да чуваат податоци за корисниците, додека во други држави кои имаат по либерална политика податоците што и како користат корисниците воопшто не се чуваат и владите немаат пристап до нив.

Ова се најдобрите VPN провајдери во 2018 година, според бројот на корисници:

Извештај за пазарот на VPN специјализираниот сајт keepsolid.com: Статистика за раст и употреба
Денес, дури 25% од глобалните корисници на Интернет пристапуваат до мрежата преку виртуелна приватна мрежа (VPN) најмалку еднаш месечно. Глобалниот пазар на VPN кои се продаваат низ светот е проценет на дури 15,46 милијарди долари во 2016 година, глобалниот пазар на VPN изнесуваше околу 18 милијарди американски долари во следната 2017 година. Во 2018 година овој тренд продолжи при што цифрата достигна 20,60 милијарди американски долари.

Аналитичарите предвидуваат дека растот на користењето на VPN ќе продолжи, достигнувајќи 35,73 милијарди американски долари до 2022 година.

Проценет VPN пазар низ целиот свет

Бројот на корисници на VPN се зголемува и во текот на последната деценија. Во 2017 година во однос на 2016 година, се зголеми за 185%. Од 2017 до 2018 година, оваа бројка порасна за 165% повеќе. Околу 17% од луѓето во светот користат VPN на десктоп уредите, со големината на пазарот чекор држат и VPN сервисите кои се користат на 15% од мобилните телфони, а употребата на таблети се заокружува со само 7%.

Причини за користење на VPN

Зборуваме за генералните двигатели на растот на пазарот на VPN во еден момент, но прво да ги разгледаме главните причини зошто луѓето го користат - пред се за приватноста на податоците. Тие граѓани стануваат се повеќе информирани, а со тоа и загрижени за нивната приватност на податоците. Ова се случува во светло на зголемување на компјутерскиот криминал, но се причините се и да се има добар достап до каналите за забава кои се забранети или лимитирани во една држава а преку овој сервис може да се пристапи до Нетфликс, на пример како корисник од друга држава:

Околу 95% од Американците изразуваат загриженост за тоа како компаниите ги користат нивните лични информации
Повеќе од 80% тврдат дека се чувствуваат повеќе загрижени денес отколку пред една година
Повеќе од 50% од нив активно бараат нови начини да ги обезбедат своите податоци
Освен тоа, корисниците ги имаат следниве главни мотивации за користење на VPN:

Пристапете до најдобрите содржини за забава: 50%
Одблокирајте ги социјалните мрежи и услугите за вести: 34%
Остануваат анонимни на интернет додека пребаруваат: 31%
Ограничени страници / датотеки / услуги на пристап: 30%
Добивање пристап до блокирани страници за преземање / torrent: 27%
Слободно комуницирајте со семејството и пријателите во странство: 25%
Сокријте прелистување на веб од набудувачи, на пр. од својата влада: 18%
Добијте пристап до прелистувачот на т.н. подземен интернет Tor: 17%

А каде, во кои региони на светот, се користи овој сервис што ви обезбедува да останете анонимни за злонамерните напади било од службите на владата, било од други кои сакаат да навлезат во вашите комуникации... И, најпосле, да имате своја интернет адреса од земја која ќе ја одберете и како корисник од Германија, на пример, да користите сервиси за забава достапни само во таа држава:

Според специјализираните агенции секоја година бројот на корисници на VPN сервисот расте со голема стапка. Освен за наведените цели овој сервис помага да се добие анонимност и безбедност при банкарски трасакции и купување со картички преку интернет. Речиси 35% од луѓето во светот користат VPN токму за такви потреби.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата