Џеј Ло по пауза од 19 години повторно се прошета во легендарниот фустан на Версаче

21.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џеј Ло по пауза од 19 години повторно се прошета во легендарниот фустан на Версаче

На модната недела во Милано, Џеј Ло прошета по пистата во фустан креиран според легендарниот Версаче фустан кој ја направи модна икона уште пред 19 години.

Во 2000-та година таа се појави на црвениот тепих во Версаче фустан во зелена боја, инспириран од џунглата, а тоа е еден од најпознатите и запамтените аутфити на сите времиња.

19 години подоцна, на модната недела во Милано, Џеј Ло го затвори шоуто на Версаче на незаборавен начин.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата