Лек за желудочни тегоби повлечен од пазарот заради неговите канцерогени својства

20.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лек за желудочни тегоби повлечен од пазарот заради неговите канцерогени својства

Швајцарска фармацевтска компанија го повлече лекот „зантак“ од пазарот поради сомневање дека некои од неговите состојки имаат канцерогени својства.

Компанијата „Новартис“ која го произведува овој лек превентивно ги повлече од продажба сите лекови кои содржат ранитидин, антицид и антихистамин, што ги ублажува проблемите со желудочната киселина.

Таа се одлучи на овој чекор откако минатата недела Управата за храна и лекови (ФДА) објави дека во лековите за желудочни тегоби открила траги на канцерогени материи.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата