Димовски: Знаеме и кој министер од СДСМ го пренесувал списокот до Катица Јанева (ВИДЕО)

19.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Димовски: Знаеме и кој министер од СДСМ го пренесувал списокот до Катица Јанева (ВИДЕО)

Во вечерашното гостување во 24 анализа со Душица Мрѓа, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во жестока дебата со Мухамед Зехири од СДСМ ја обвини власта дека не решила ниту еден случај од судските процеси. Ја обвини дека направиле театар од судењата и ниту едно не е разрешено и дека си играат со емоциите на граѓаните.

Никој не бара амнестија, случајите што се почнати во законски предвидениот рок треба да се продолжат, оние кои се почнати по тој рок може да се користат како индиции. Имаме чист однос кон таа работа, изјави Димовски.

Тој потенцираше дека СДСМ преку СЈО си игра кадрова комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

Сите што им сметаат, или што им сметале и што мислат дека треба да бидат уценети и што сакаат да им се одмаздат си ги ставале во одредени предмети. Знаеме ние и кој министер од СДСМ бил задолжен за пренесување на списокот до Катица Јанева на тие лица, изјави Димовски.

Тој побара од Зекири заедно да пратат писмо по закон за слободен пристап до информации од јавен карактер да побараат комплетен список за вработени во СЈО и финансиски средства кои ги добиваат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата