(Вознемирувачко видео) Момче смртно прободено со нож во Њујорк, сведоците снимале наместо да му помогнат

19.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Вознемирувачко видео) Момче смртно прободено со нож во Њујорк, сведоците снимале наместо да му помогнат

Набргу по завршувањето на наставата, во понеделникот се случи убиство во близина на средното училиште „Океансајд“ во Њујорк.

Група тинејџери го нападнале и претепале 16-годишниот Касен Морис. Еден од напаѓачите го прободел со нож во градите.

Морис починал во болница од здобиените повреди, а напаѓачот кој го прободел е уапсен. Станува збор за 18-годишниот Тајлер Флеш. Според полицијата, тој го убил Морис од љубомора затоа што се сомневал дека се обидува да му ја преземе девојката.

Полицијата соопшти дека најмалку 50 тинејџери биле на местото на настанот. Никој не се ни обидел да му помогне на момчето. Наместо тоа, тие снимале сè.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата