Индија ќе ги забрани електронските цигари, но не и тутунот

19.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Индија ќе ги забрани електронските цигари, но не и тутунот

Индискиот парламент донесе закон за забрана за производство и увоз на електронски цигари во земјата, иако ќе биде потребна извршна наредба за забраната да стапи на сила, пренесува РТ.

Извршните наредби се користат како итна мерка кога парламентот не заседава, а пратениците нема да се вратат до ноември. Забраната е со цел да се намали потрошувачката на производи од тутун во услови на зголемени проблеми во јавното здравство.

Министерот за финансии, Нирмала Ситараман, тврди дека електронските цигари се користат повеќе од мода отколку што да се одвикнат луѓето што пушат. Повеќе од 900.000 луѓе во Индија годишно умираат од болести поврзани со тутунот, а бројот на возрасното население коешто пуши е повеќе од 100 милиони.

Иако течноста за електронските цигари не содржи голем број на штетни хемикалии како чадот од тутунот, таа содржи голем број други супстанции што можат да бидат штетни за луѓето. Неколку индиски држави веќе забранија е-цигари, иако локалното законодавство во голема мерка не успеа да го спречи увозот преку интернет нарачки.

Индија е втор по големина потрошувач на производи од тутун во светот зад Кина и е исто така трет по големина производител на тутун во светот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата