Судот ги ослободи раководителите на Фукушима

19.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Судот ги ослободи раководителите на Фукушима

Јапонскиот суд донесе пресуда дека тројцата поранешни директори на компанијата „Токио електрик пауер“ не се виновни за професионалната небрежност за време на несреќата во нуклеарката Фукушима во 2011 година.

Тоа беше единственото кривично дело по нуклеарниот инцидент што расели десет илјади луѓе поради ширењето на зрачењето и загадувањето, пренесува АП.

Поранешниот претседател на ТЕПКО, Катсумата (79) и двајцата поранешни директори на компанијата не се виновни за предизвикување смрт на 44 постари пациенти чие здравје било нарушено по присилната евакуација од локалната болница.

Тие беа обвинети дека не го предвиделе цунамито што ја погоди постројката по земјотресот, како и дека не преземале превентивни мерки што би можеле да ја заштитат постројката Фукушима.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата