Скандал на канадскиот премиер, Трудо се извини за контроверзната фотографија

19.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скандал на канадскиот премиер, Трудо се извини за контроверзната фотографија

Канадскиот премиер Џастин Трудо се извини што лицето го нашминкал со црна боја во 2001 година, откако таа непристојна фотографија се појави пет недели пред изборите.

Фотографијата на тогашниот 29-годишен Трудо со лице затемнето со шминка е голем предизвик за лидерот кој често зборува за важноста на борбата против расната дискриминација и кој во неговиот кабинет има тројца истакнати министри со индиско потекло, пренесува „Ројтерс“.

„Требаше да знам подобро, но не знаев. Длабоко жалам што го сторив тоа“, рече Трудо откако „Тајм“ ја објави фотографијата на која се гледа како носи турбан и бела наметка, а лицето му е намачкано со темна шминка.

„На гала-приемот што беше тематски посветен на Арапските ноќи, го облеков костимот на Аладин и ставив шминка“, рече Трудо.

Канадскиот премиер, наводно, е во тесна битка со конзервативниот лидер Ендру Шир пред сојузните избори на 21 октомври.

Шир изјави дека е „исклучително шокиран и разочаран“ од фотографијата на Трудо.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата