Бомбашки напад во Авганистан, 20 мртви и 95 повредени

19.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бомбашки напад во Авганистан, 20 мртви и 95 повредени

Најмалку 20 луѓе се убиени, а 95 се ранети во експлозија на камион бомба пред болница во јужен Авганистан, соопшти владин претставник. Одговорноста за нападот ја презеле талибанците. Меѓу повредените се неколку жени, деца, здравствени работници и пациенти во болницата.

Цел на нападот била зградата на разузнавачката служба која била во близина, во покраината Забул, рекле талибанците кои речиси секојдневно вршат напади откако пропаднаа мировните преговори со САД.

Милитантите сакале да ја нападнат базата за обука на авганистанската Национална управа за безбедност, но го паркирале камионот полн со експлозив пред влезот на болницата, рекол друг извор од министерството за одбрана.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата