Ова е фотката заради која канадскиот премиер мораше јавно да се извини!

19.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова е фотката заради која канадскиот премиер мораше јавно да се извини!

Канадскиот премиер Џастин Трудо се извини поради стара фотографија на која е со „темно“ лице. Бојадисувањето на лицето, односно фотографијата од 2001 година е голем удар за премиерот кој често говори за потребата за борба против расната дискриминација и кој во својот кабинет има тројца истакнати министри со индиско потекло.

„Требаше тогаш да знам повеќе, но не знаев. Длабоко жалам поради тоа што го сторив“, изјави Трудо пред новинарите откако „Тајм“ ја објави спорната фотографија.

„Го облеков костимот на Аладин и ставив шминка. Не требаше да го направам тоа“, изјави Трудо за фотографијата на која се гледа како носи турбан и бела наметка, додека неговото лице е нашминкано за да биде црномурест.

 

https://metro.co.uk/video/justin-trudeau-apologises-dressing-brownface-2001-2008652/?ito=vjs-link

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата