Познатата порно актерка најдена мртва!

19.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Познатата порно актерка најдена мртва!

Американската актерка Џесика Џејмс (40), ѕвезда од филмовите за возрасни и модел, е пронајдена мртва во својот дом во Лос Анџелес. Џесика ја пронашла нејзина пријателка, која веднаш повикала медицинска помош што, за жал, можела само да констатира смрт.

Како што пренесуваат американските медиуми, извори од полицијата тврдат дека причината за смртта не е позната, а истрагата е се уште во тек. Полицијата, исто така, во нејзиниот дом пронашла бројни антидепресиви коишто актерката ги користела поради психичките проблеми.

Нејзиното вистинско име е Џесика Ридинг, а во порно индустријата влезгла во 2002-ра година. Како уметничко име го избрала нејзиното име и името на нејзиниот тогашен љубовник Џејмс. Во својата кариера снимила повеќе од 200 филма за возрасни. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата