Николоски вели дека СДСМ не сака да се истражи „Рекет“ – Димитров негира (ВИДЕО)

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николоски вели дека СДСМ не сака да се истражи „Рекет“ – Димитров негира (ВИДЕО)

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вечерва заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, гостуваат на телевизија 24.

Нема ден да нема корупциска афера, констатира Николоски и додаде дека сериозен дел од луѓето во врвот на СДСМ мислат дека тоа што го промениле името, меѓународната заедница ќе им дозволи што сакаат да прават.

Според Димитров во јавноста има експлозија од невистини. Тој кажа дека медиумите сега се слободни. Шефот на македонската дипломатија рече дека добро е што се отвори аферата „Рекет“, но и треба да одговараат сите инволвирани во „бомбите“.

Николоски со примери му посочи на Димитров дека медиумите не се слободни, поготово со тоа што двајца новинари беа повикани во Обвинителство за скандалот поврзан со генералниот секретар на Владата Драги Рашкоски. Тој нагласи дека Обвиниетлството не реагирало соодветно кога во јавноста прв пат се објави аферата „Рекет“.

Потпретседателот на најголемата опозициска партија кажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема проблем ако има индиција за криминал, но проблем е што СДСМ не сака Обвинителството да го истражува „Рекет“, бидејќи премиерот Зоран Заев бара амнестија, па затоа се заглавени и преговорите за законот.  Овие наводи Димитров ги негираше.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата