Николоски: Без новинарите – институциите немаше да го откријат и процесуираат РЕКЕТ (ВИДЕО)

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николоски: Без новинарите – институциите немаше да го откријат и процесуираат РЕКЕТ (ВИДЕО)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашната анализа на 24 вести вели дека без новинарите – институциите немаше да го откријат и процесуираат Рекет

- Имавме афера за Рашковски – никој не се занимава со тоа, туку се повикуваат новинари да ги кажат изворите, а на едниот му се закануваат со кривична пријава. Видовме преку Рекет како се финансираат медиумите и како добиле желба одредени компании да се рекламираат, а во други медиуми немаат желба тие компании да се рекламираат, силно биле мотивирани баш таму да ги пласираат маркетинг буџетите.

На отворањето на тој медиум се построи цела влада и владини аналитичари.

Рекет немаше да го откријат институиите, ако не беа новинарите. Заради храбороста на ден новинар е објавена аферата и немаше потег од ОЈО. Случајот е пријавен во мај, дури во јули ОЈО презема активности.

ОЈО сакаше да ја заштити Катица Јанева и сите владини функционери ја фалеа во меѓувреме.

Битката околу законот за ЈО е токму околу тоа, никој не копа нагоре, бидејќи ќе се дојде до Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ немаше проблем да се префрлат предметите, уште пред месец ипол понудивме , тогаш не сакаа.

Тоа што тапкаат преговорите за законот за јавно обвинителство е заради фактот што Зоран Заев самиот рече дека ако биде донесен вака, ќе бидат претрупани со пријави.

Зоран Заев бара амнестија за себе и неговите за случајот Рекет. Високи преставници на Кабинетот на Заев контактираат наши членови и велат: Веројатно нема да има датум, ни одговара ваквата ситуација околу законот за ОЈО.

Тоа го гледаат сите, и нашите пријатели од надвор. Сите гледаат торби Луи Витон со милиони евра, нема сериозна намера ова да се расчисти докрај, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во анализа на 24 вести.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата