Поранешна министерка од Хрватска е нов генерален секретар на Советот на Европа

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поранешна министерка од Хрватска е нов генерален секретар на Советот на Европа

Поранешната хрватска министерка за надворешни работи, Марија Пејчиновиќ Буриќ, официјално ја презеде функцијата генерален секретар на Советот на Европа.

Таа е втора жена и прв политичар од централна и источна Европа на оваа позиција. Во крајното гласање, таа го победи Белгиецот Диди Рејндерс.

Поранешната шефица на хрватската дипломатија положи заклетва во седиштето на СЕ во Стразбур.

Пејчиновиќ Буриќ дојде на местото на Норвежанецот Торбјорн Јагланд.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата