СДСМ: Трипуновски лаже, случајот е пријавен во февруари

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СДСМ: Трипуновски лаже, случајот е пријавен во февруари

ВМРО-ДПМНЕ доцни седум месеци, случајот за кој денеска лаже е пријавен од тогашниот министер Љупчко Николовски уште во февруари оваа година, реагираат од СДСМ, на обвинувањата од  Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ дека близок човек на Заев проневерил 300.000 евра од Сојузот на тутунопроизводителите.

„Денес, ВМРО-ДПМНЕ алармира за незаконско постапување неколку месеци откако е отворена истрага за случајот. Лаже ВМРО-ДПМНЕ дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не реагирало на известувањето од Сојузот на здруженјиа на тутунопроизводители. Вистината е дека на 18.02.2019 година или пред точно седум месеци, тогашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Известувањето од Сојузот го препратил до надлежна институција, односно до Управата за финансиска полиција“, велат од СДСМ.

Од таму додават дека како одговорна партија, алармираат и пријавуваат незаконско работење, без разлика кој е извршителот на незаконските дејствија и дека СДСМ е за бескомпромисна борба против криминалот.

„СДСМ не ниту суд, ниту обвинителство има надлежни институции за истраги кои водат предмети. Заврши времето кога белиот дворец беше и полиција и суд и обвинителство. Денес, правосудните институции работат професионално и независно во интерес на правдата. Секој одговара. Оттука, апелираме до надлежните институции, за брзо расчистување на овој случај и соодветно санкционирање на виновниците“, се вели во реакцијата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата