Калајџиев: Прогонот од СЈО беше едностран, префрлањето на случаите е незаконскo и нелегитимно

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Калајџиев: Прогонот од СЈО беше едностран, префрлањето на случаите е незаконскo и нелегитимно

Во емисијата „200“ на Алсат професорот Гордан Калајџиев ги коментираше актуелните случувања околу преговорите за обвинителството и случаите кои ги превзеде Јавното од специјалното обвинителство. Калајџиев се осврна на предметите на СЈО кои ги отвори после истекот од 18 месеци кој го имаше и смета дека тие не само што се нелегални во моментот, туку ќе бидат спорни и после евентуално ново решение.

Непотребно и не знам од кои причини се имаат запнато да се процесуираат овие случаи надвор од она што е одлука веќе на Врховниот Суд, дека тие истраги се незаконити. Се бара решение сега преку нов закон или еве сега со превземањето да се најде некоја магична приказна. Тоа тешко ќе оди, бидејќи што и да направат политичките партии тие не можат наназад да решат правни прашања. Значи ако од аспект на обвинетите или осомничените настанала некоја ситуација во моментот на истекот на рокот, а особено по мислењето на Врховниот суд, во тој момент тоа што е поповолно за нив, раѓа правни обврски и односи кои што се во нивна полза кои не можат од после со ниеден закон да се вратат на нивна штета, потенцираше професорот Гордан Калајџиев.

Оваа одлука на Врховниот суд која провладината јавност ја оспорнува, според Калајџиев е донесена практично едногласно и тоа што е разрешен Јово Вангеловски од Врховниот суд, практично не ја менува.

Во однос на досегашното работење на СЈО, според професорот постои желба кај СДСМ во преговорите тој да продолжи, а тоа значи да биде селективно и еднострано.

Прогонот тргна релативно еднострано. Да не се лажеме. Тука беа амнестирани не само СДСМ и некој нивни, туку и ДУИ, генерално тој блок. Нормално е СДСМ да сака да остане така по таа линија. Се плашат ако дојде некој друг во иднина дали ќе им биде наклонет, рече Калајџиев.

Избрзаните решенија како што е префрлањето на случаите од СЈО во ОЈО со писмото на Катица Јанева од притвор е незаконско и сигурно нелегитимно според професорот Калајџиев.

По мене ова префрлање е проблематично и незаконско, најмалку додека не се истражи кое е писмото и по која линија одела одлуката на Катица. А нелитимно е сигурно. Катица од притвор да ја спасува правната држава е бедно решение и фрла дамка на целото правосудство, заклучи Гордан Калајџиев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата