„Почитувани пациенти, ние сме со вас“, порачаа на протестот на Клиника против насилството врз медицинските работници

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Почитувани пациенти, ние сме со вас“, порачаа на протестот на Клиника против насилството врз медицинските работници

„Почитувани пациенти, ние сме со вас“, им порачаа лекарите на пациентите, на денешниот протест во кругот на Клиничкиот центар против насилството од страна на пациентите и нивните роднини.

Протестот ќе трае половина час до 11.30 часот, по што лекарите ќе се вратат на своите работни места.

Протестот се организира по серијата насилства врз лекари и медицински персонал, а министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе го поддржи со своето присуство.

фото Фејсбук Асоцијација на специјализанти и млади лекари АСМЛ

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата