Осудуван во Србија сака да инвестира во Македонија - СРПСКИ ТАЈКУН СЕ СЛУШНАЛ СО ЗАЕВ

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Осудуван во Србија сака да инвестира во Македонија - СРПСКИ ТАЈКУН СЕ СЛУШНАЛ СО ЗАЕВ

Најбогатиот српски бизнисмен Мирослав Мишковиќ на својата последна прес-конференција рече дека е повторно заинтересиран за инвестирање во Македонија по неуспешниот обид во 2005 и 2006 во периодот кога дојде до промена на власта во земјата, пренесе Фактор.

– Јас во Македонија имав една многу лоша авантура пред повеќе од 10 години. Сега сме подготвени да вложиме во недвижнини и аграр. Ние ќе одиме преку Владата на Македонија но ќе работиме независно. – вели првиот човек на компанијата која лани оствари годишен приход од половина милијарда евра.

 

Од Делта Холдинг велат дека во околината на Скопје бараат во моментов локација од 25.000 метри квадратни за изградба на хотел.

И директорката на секторот што работи со недвижнини, Зорана Бурлиќ, ја потврди намерата.

– Има контакти а ние сме финансиски подготвени да делуваме но најважно од се е капиталот да биде сигурен и правилата на игра да бидат јасни. – изјави Бурлиќ.

Во меѓувреме Делта Холдинг отвори шопинг молови во Бања Лука, Варна и Белград. Поседува и два хотели во Белград и еден во Љубљана. Во тек е изградба и планови за изградба на молови и хотели во неколку града на Балканот. Групацијата продаде разни бизниси за 2 милијарди евра и со тие пари започна да разработува други.

На владата на Заев и порачува да го одреди она во кое што Македонија може да биде најдобра во Европа и да се сконцентрира посебно на тој приоритет.

– Македонија има многу сонце и вода. Треба да знае како тоа да го искористи на најдобар начин. – тврди тој.

На прес конференција Мишковиќ повика голем број на новинари од Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, БИХ и Бугарија со цел да ги покаже своите амбициозни планови во регионот.

Против Мишковиќ во Србија се имаат водено судски случаи за даночно затајување и поттикнување на даночно затајување, а е и осудуван, пишува Лидер.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата