ЕУ: Џонсон се преправа дека преговара за брегзит

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕУ: Џонсон се преправа дека преговара за брегзит

Мишел Барние, ЕУ преговарачот за брегзит, му порача на британскиот премиер, Борис Џонсон, да престане да се преправа дека преговара за нов договор за брегзит.

Изјавата доаѓа по информациите дека предлозите донесени во Брисел од страна на британските преговарачи се всушност дел од стариот договор, при што делот за ирскиот „бекстоп“ бил едноставно прецртан во текстот.

„Речиси три години по референдумот во Велика Британија за напуштање на ЕУ, мислам дека не треба да трошиме повеќе време, преправајќи се дека преговараме. Мислам дека треба одлучно да да продолжиме напред“, изјави Барние пред Европскиот парламент.

Тој уште рече дека ЕУ е отворена за каков и да е предлог од Велика Британија и дека се подготвени за деноноќна работа за да се постигне прогрес.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата