Глигоров до Османи: Не се сите морони, можеби ги мислиш за такви од твојот коалиционен партнер

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Глигоров до Османи: Не се сите морони, можеби ги мислиш за такви од твојот коалиционен партнер

Ако мислеше дека морони живеат во Македонија, си се зезнал. Не се сите. Можеби ги мислиш за такви од твојот коалиционен партнер – не знам. На следните избори ќе видите дека не се сите морони ако се занимавате со селективна правда, напиша на Фејсбук Венко Глигоров.

Глигоров е поранешен претседател на Комисијата за економија и финансии и член на Централниот комитет на Либералната партија. Тој ја коментираше акцијата на вицепремеирот Бујар Османи кој викендов се „пушти“ во проверка колку се спроведува Законот за јазици во државните институции.

-Османи направи неколку кругови низ главниот град за да провери кој од директорите на институциите се уште има поставено табла само на македонски јазик, а не и на албански, но и со старото државно име Република Македонија.

 

Мислам дка е одлично што Вицепремиерот започнал активност за проверки на спроведување на закон за јазици. Одличен пример дава како треба да се сака државата.

 

Сега истиот тој Вицепремиер, а може и друг Вицепремиер, но најдобро е тоа да бидат надлежни институции – да почнат со континуирана и систематска проверка на спроведувањето на законот за јазици и законот за знамиња на целата територија на Македонија. И да има казнувања.

 

Браво Вицепремиере за акцијата!

 

Ако мислеше дека морони живеат во Мк, си се зезнал. Не се сите. Можеби ги мислиш за такви од твојот коалиционен партнер – не знам. На следните избори ќе видите дека не се сите морони ако се занимавате со селективна правда, напиша на Фејсбук Глигоров.

Инаку, Османи заработи прекршочна пријава бидејќи зборуваше на телефон додека ја извршуваше акцијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата