Грета Тунберг до политичарите: Жалам, но не правите доволно

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грета Тунберг до политичарите: Жалам, но не правите доволно

Активистката за борба против климатските промени, Грета Тунберг им порача на политичарите дека не прават доволно за спас на планетата.

„Знам дека се обидувате, но тоа не е доволно. Жалам“ рече активистката за борба против климатските промени, која ги инспирира младите луѓе низ светот да протестираат против влијанието на глобалното затоплување.

Таа ѝ порача на работната група за климатски промени во Сенатот во Вашингтон да си ги „зачуваат пофалбите за себеси“.

„Не не викајте тука само за да ни кажете колку сме инспиративни, без притоа да направите нешто“ рече таа.

Шеснаесетгодишната активистка е една од неколку млади активисти од целиот свет, која беше поканета да присуствува во дводневна дискусија на работната група во Вашингтон.

Целта на младите активисти е да поттикнат поддршка од американските пратеници за итна акција против климатските промени, за што Грета и останатите спроведоа кампања.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата