Обновена работата на една од нападнатите рафинери во Саудиска Арабија

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Обновена работата на една од нападнатите рафинери во Саудиска Арабија

Саудиска Арабија обнови 50 проценти од производството на нафта кое беше намалено со нападот на рафинеријата, изјави министерот за енергетика, принцот Абдулазиз бин Салман. Тој истакна дека до крајот на месецот капацитетот на производството ќе биде подигнат до 11 милиони барели на ден.

Пред нападот се произведувале околу 9,6 милиони барели дневно.

Нафтените постројки на „Сауди Арамко“ беа нападнати во саботата со дронови и крстосувачки ракети, со што беше намалено производството на нафта за 5,7 барели дневно, што е околу пет отсто од светското производство на нафта.

Одговорноста ја презедоа јеменските бунтовници Хути, кои ги поддржува Иран, но САД тврдат дека нападот бил извршен од Иран.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата