(Видео) Маскирани тинејџери се обиделе да ограбат куќа, а потоа сопственикот ги убил 

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Маскирани тинејџери се обиделе да ограбат куќа, а потоа сопственикот ги убил 

Тројца тинејџери од Џорџија беа убиени во понеделникот наутро, откако разменија оган со сопственикот на куќата што сакале да ја ограбат.

„Доказите велат дека тинејџерите, на возраст од 15 и 16 години, се обиделе да ограбат три лица во предниот двор на домот Кониерс во областа Рокдајл“, рече шерифот Ерик Левет.

Тој додаде дека тоа е веројатно случај на самоодбрана и заштита, што е овозможено со закон наречен „останете на своето место“. Според тој закон, луѓето можат да се бранат од непосредната закана од местото каде што имаат право да бидат.

Тинејџерите носеле маски додека се приближувале кон дворот, а едниот од нив имал пушка и пукал кон станарите. Но, еден од нив возвратил со оган. Станарите не се повредени, меѓутоа, еден тинејџер починал на самото место, додека други биле пренесени во болницата каде што починале. Пронајдени се два примероци на оружје на местото на настанот, но сè уште не е познато кому му припаѓаат.

Соседот Карлос Вотсон изјави дека слушнал истрели од огнено оружје во понеделникот во 4 часот наутро.

„Тоа беа пет истрелии, звучеше како пиштол. Тогаш слушнав дека некој има пушка. Потоа беа испукани еден куп куршуми “, рече тој.

Друг сосед, Брајан Џенкинс, изјави дека чекал да пристигне полицијата, по што отишол кај ранетиот маскиран тинејџер кој лежел на земја и барал помош.

„Му реков да се смири и да не се движи, дека сè ќе биде добро“, рече Џенкинс.

Истрагата е во тек.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата