Пожарникари со водени топови бркале пчели од прозорец на авион

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пожарникари со водени топови бркале пчели од прозорец на авион

Летот 743 на „Ер Индија“, кој требало да полета од Калкута, бил одложен на два и пол часа непосредно пред заминувањето, откако рој пчели се собрале на прозореџот од пилотската кабина на авионот, јави Си-ен-ен.

Пчелите го попречувале видикот на пилотите кои не успеале да ги отстранат инсектие со помош на бришачите за ветробранското стакло.

Ројот бил успешно отстранет дури откако противпожарната служба на аеродромот употребила водени топови.

Авионот веќе доцнел 90 минути поради технички проблеми, а пчелите на патниците и на екипажот им одзеле уште еден дополнителен час.

На летот за градот Агартала во северо-источна Индија, кој вообичаено трае само еден час, имало 136 патници, меѓу кои и министерот за информации на Бангладеш, Хасан Махмуд, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Аеродромот во Калкута е еден од најпрометните и најмодерните во Индија, а за производство на енергија се користат сончеви колектори.

Директорот на аеродромот изјави дека по инцидентот бил изршен темелен претрес на аеродромот, но не бил пронајден кош со пчели, додавајќи дека инсектите дошле од локација надвор од аеродромот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата