(Видео) Тие се претвораат во вонземјани и секојдневно уживаат во мачење

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Тие се претвораат во вонземјани и секојдневно уживаат во мачење

Канадскиот бренд Matieres Fecales, чии основачи се Хана Роуз Далтон и Стивен Рај Баскаран, со својот дизајн се разликува од сите други.

За нив се каракеристични големите гради и трудничкиот стомак, кои се појавуваат и исчезнуваат во исто време, а нивните тела честопати добиваат нереален изглед претворајќи се во вонземјани.

„Ова не е екстремно за нас, тоа е нормално. Така се гледаме. Ние првин ги бричиме главите, а потоа ставаме контактни леќи, кои го покриваат целото око или белката, што е забранети во некои земји. Вреди да се види“, објаснуваат тие како се одвива нивната трансформација. Тие исто така ја покриваат целата глава со пудра и ги бричат ​​веѓите, користат суперлепило за главата и, како што велат, уживаат во тоа мачење.

Баскаран изјави за „Вог“ дека тој и дизајнерката Далтон сакаат да постигнат прифаќање на овој тренд во општеството, а не гадење и одбивност.

Нивниот најуспешен изум се чевли што имаат пета во форма на рог и мал сталак наместо потпетица за да може да се стои на нив, а цената на овие чевли е 50.000 куни.

„Планираме да ја направиме верзијата на чевли подостапна за малите купувачи“, објаснуваат дизајнерите. Постојат и машки верзии на овие чевли, но нивната цена не е позната.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата