ШЕЌЕРИНСКА ПОТВРДИ ДЕКА НАРЕДУВАЛА ВО ПРАВОСУДСТВОТО: Ние ги обезбедивме случаите на СЈО, сега се е во рацете на судството

17.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ШЕЌЕРИНСКА ПОТВРДИ ДЕКА НАРЕДУВАЛА ВО ПРАВОСУДСТВОТО: Ние ги обезбедивме случаите на СЈО, сега се е во рацете на судството

Со новите решенија практично ги обезбедивме сите случаи од СЈО да имаат судска целосна разрешница, изјави заменик-претседател на СДСМ и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Никој не може да користи административни или некакви судски процедурални причини за да ги негира и сега сите работи се во рацете на судството. Ние како Влада кажавме дека сакаме да се донесе новиот закон за Јавното обвинителство и покажавме извонредена флексибилност, затоа што сметаме дека ова прашање е над сите партиски или лични интереси, истакна Шекеринска.

Таа додава дека премиерот Зоран Заев со неговите предлози сакал да ја остави опозицијата без простор да бара оправдување и да бега од договор, меѓутоа, истакнува таа, до договор не дојде.

Политичката одлука на Владата да не се меша во судството, одлуката на владата и сите коалициони партнери да не бараат специјални привилегии од обвинители или од судии – таа порака е примена. Не само во Брисел, туку и во главните градови на клучните земји членки. И тие, не случајно ни велат, ова веќе не е истата земја, посочи Шекеринска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата