(Видео) Таткото лав за прв пат го гледа своето младенче и се обидува да го поздрави

17.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Таткото лав за прв пат го гледа своето младенче и се обидува да го поздрави

Зоолошката градина во Денвер објави снимка на која лавот се запознава со своето младенче.

На неа се гледа како тригодишниот татко лавот Тобиас се спушта на предните нозе за да се поздрави со сè уште неименуваниот наследник роден на 25 јули.

Видеото го објави телевизиската станица „Денвер 7“.

Во Зоолошката градина моментно се одржува гласање за да се избере име, а се одлучува помеѓу „Меру“, „Мореми“ и „Тату“.

Првото е името на една планина во Танзанија, второто е името на резерват за дивеч во Боцвана, а третото е збор за бројот три на свахили со оглед дека тој е третото младенче на неговата мајка.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата