Тартуфот кој влезе во Гинис го изренда за вечера на 120 луѓе пред 20 години

17.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тартуфот кој влезе во Гинис го изренда за вечера на 120 луѓе пред 20 години

Поминаа 20 години од пронаоѓањето на истарскиот гигантски тартуф кој влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Белиот тартуф тежок 1.310 грама го пронајде кралот на тартуфите, Џанкарло Зиганте (69) од Ливада, во Истра. Точната локација, вели тој, се крие затоа што белите тартуфи вредат како „суво злато“.

Го пронајдоа Џанкарло Зиганте и неговата кучка Дајана, и наместо да го продаде за тогашни 20.000 германски марки што му беа понудени, тој го изренда за вешера на дури 120 луѓе пред 20 години.

„Јас сум толку возбуден денес како што бев пред 20 години. Досега никој во светот не најде поголем бел тартуф, а би сакал да најдам поголем и да го соборам мојот рекорд. Кој знае, сè е можно. Пред 20 години барав тартуфи со кучиња, а денес ретко одам во шумата за да барам, други работат за мене. Може да заработите од оваа работа, но тоа мора да работите постојано и со љубов. Тартуфите не се наоѓаат за неколку минути, понекогаш трае цела ноќ. Шумата е влажна, а кога се оди на берба на тартуфи, треба да се знае точно кога да се оди, односно кога тартуфите имаат најсилен мирис. Затоа е важно да имате добро куче“, објасни тој.

Сè уште ја чува репликата на најголемиот тартуф направена во бронза, која е изложена во Ливада.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата