ПРЕСТОН МАКЕДОНИЈА Е ШАМПИОН во првата државна лига на Викторија (ФОТО)

17.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПРЕСТОН МАКЕДОНИЈА Е ШАМПИОН во првата државна лига на Викторија (ФОТО)

Успешната сезона во 2019 година фудбалерите на Престон Македонија ја заокружија со победата во финалето против ФК Нонавадинг со што станаа шампиони во првата државна лига на Викторија. Лавовите во новата сезона ќе играат во третата Премиер лига на Викторија. Лалор Слога јунајтед без седумнина стандардни првотимци загуби во финалето за севкупен победник во третата лига. Сиднеј Македонија не успеа да се пласира во финалето во третата премиер лига на Нов Јужен Велс, јавува радио СБС.

После десетина години конечно успешна сезона и за фудбалерите на Престон Македонија. Освоеното прво место во првата државна лига на Викторија им донесе промоција во новоформираната трета премиер лига.
Успехот го надополнија и со победата во финалниот напревар за севкупен победник во првата државна лига откако го совладаа Нонавадинг со 2:0.

 

Preston Lions FC SBS

По натпреварот шампионскиот пехар го подигна Аце Петровски.
" Задоволни сме од победата но и воопшто од целокупната сезона која беше успешна за нас. Конечно обезбедивме промоција во една лига погоре. Голема благодарност и до навивачите за огромната подршка во текот на сезоната".

 

Капитенот Аце Петровски го прима победничкиот пехар. SBS

Тренерот Љупче Ацевски исто така не го криеше задоволството по постигнатиот успех сезонава. Упати искрена благодарност до фудбалерите, управата на клубот и верните навивачи.
"Сега паузата ќе ја искористиме за разговри со постојните но и со нови квалитетни фудбалски имиња за да направиме силен и квалитетен тим за наредната сезона" вели Ацевски .

 

Лупче Ацевски тренер на Престон Македонија во средина со своите помошници Капони и Груевски SBS

 

Фудбалерите на Престон како и на секој натпревар така и на последниот финален натпревар ја имаа подршката од навивачите.

 

SBS

 

Фудбалерите на Лалор Слога јунајтед загубија во финалниот натпревар за севкупен победник во третата државна лига на Викторија од ФК. Колингвуд со 3:2. Но и покрај тоа Слога догодина ќе игра во втората државна лига што секако е голем успех за клубот.

 

Лалор Слога Јунатед шапиони во третата лига за 2019 SBS

 

Тренерот на Лалор Слога, Тони Стерјовски по натпреварот причината за поразот од Колингвуд ја виде и во тоа што во составот му недостасуваа дури седумина стандардни играчи.
"Бевме хендикипирани што моравме да настапиме без половина играчи од првиот состав но и покрај тоа оставивме добар впечаток на теренот. Имавмне успешна сезона и целиот успех оди на плеќите на фудбалерите".

 

Тони Стерјовски десно со најдобриот стрелец во сезоната Климе Димитревски. SBS

 

Екипата на Сиднеј Македонија не успеа да се пласира во финалето во третата премиер лига на Нов Јужен Велс. Во полуфиналниот натпревар загубија од ФК Рајдерс .
Капитенот на Сиднеј Македонија Никола Тодоровски е најдобар стрелец во лигата.

 

Никола Тодоровски, Сиднеј Македонија прв стрелец третата премеиер лига на НЈВ.
Images supplied

Извор: сбс.ком.ау

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата