Се виделе и збореле, ама не се договориле КОЈ ШТО ЌЕ КАЖЕ. Дали некој лаже? (ВИДЕО)

16.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се виделе и збореле, ама не се договориле КОЈ ШТО ЌЕ КАЖЕ. Дали некој лаже? (ВИДЕО)

Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска во интервју за ТВ 21 вели дека го информирала премиерот за ургентноста на дописот и согласноста од Катица Јанева да ги предаде предметите од СЈО на ОЈО. Вели дека тоа било многу пред оваа тековна состојба (што и да значи тоа).

Ирена Фрчкоска во 4:25 од интервјуто се обидува да објасни кога и зошто било битно да го информира Заев за писмото на Јанева, но нејзината изјава дека не се поклопува со изјавеното од Заев на истата тема.

- Неговата изјава беше дека сум го информирала за дописот на Јанева за префрлање на предметите и практично барање на олеснување на основите поради кој е определен притворот. Таа изјава погрешно се интерпретираше во јавноста. Оваа средба се случи во времето, не е од сегашна дистанца, туку е во времето кога Јанева испрати допис до јавниот обвинител на Република Македонија со кој префрла практично надлежноста на предметите од СЈО кај јавниот обвинител.

- Тоа беше за ургентноста на дописот, одлуката на Јанева со писмена согласност да и префрли предметите во надлежност на јавното обвинителство од СЈо, што предизвика турбуленција, дискусија, во правниот систем и во натамошната работа на СЈО. Од интерес беше претпоставувам и за Владата, и за правниот систем, тој нејзин допис, таа нејзина одлука да се префрлат предметите и како таа нејзина одлука ќе се одрази на работењето на СЈО....

Ирена Фрчкоска на 3.08 од интервјуто вели: Дописите кои Катица Јанева ги испраќаше од притвор се напишани на рака лично од неа, се друго е шпекулација.

Ирена Фрчкоска на 6.35 од интервјуто: Одлуката/согласноста по член 6 јас ја немам видено, не сум ја видела, само ме извести дека таква одлука донела...

Зошто адвокатката заборава што кажала претходно? 

Премиерот Зоран Заев пак, од друга страна, во изјава за медиумите посочи дека:

- Од Ирена Фрчкоска сиум информиран за писмото кое било логично предметите да се префрлат од СЈО во ОЈО, НО И ВЕРОЈАТНО ЖЕНАТА ДА СИ БАРА ОЛЕСНИТЕЛНИ МЕРКИ ВО ИСТРАГАТА, ЗАРАДИ НЕВЛИЈАНИЕ НА СВЕДОЦИТЕ, НЕВЛИЈАНИЕ НА ПРЕДМЕТИТЕ

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата