Уште интересни детали за ЛИБЕРАЛНИОТ КАБИНЕТ во финансии (ФОТО)

16.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уште интересни детали за ЛИБЕРАЛНИОТ КАБИНЕТ во финансии (ФОТО)

Без „аирлија“ започна со работа тимот на новата министерка за финансии, Нина Ангеловска. По информациите пласирани по медиумите дека дел од нејзиниот тим се даночниот експерт и вештак на СЈО Павле Гацов и професорот Марјан Петрески, тие двајцата ги демантира ваквите написи.

Според нив, нивниот ангажман бил надворешно – експертски со точно определен делокург на експертиза.

Јас не сум бил дел од кабинет на ниту еден министер досега, па ниту сега сум дел од кабинет. Да ги разјасниме нештата. Ангажманот е експертски со точно определен делокруг на експертиза (независна анализа на ефектите од применетите политики од фискалната сфера…), напиша Павле Гацов на својот профил на „Фејсбук“.

Слично како него на јавноста и се обрати и професорот Петрески. Тој вели дека бил затечен од информациите дека станал дел од кабинетот на министерката.

Штотуку пристигнав во САД на подолг истражувачки престој. Ме дочекаа честитки и медиумски објави дека ‘професорот Петрески стана дел од кабинетот на министерката Ангеловска’. Јас не сум бил дел од кабинет на ниту еден министер досега, па не сум ниту сега. Ангажманот е надворешно-експертски со точно определен делокруг на експертиза (независна анализа на ефектите од политиките од фискалната сфера) со времетраење до 31.12.2019. Го прифатив бидејќи почитувам кога се цени домашна експертиза, но замолувам за адекватно известување. И, секако, го задржувам правото да продолжам да ги коментирам состојбите во економијата и економските политики на независен и објективен начин, потенцира професорот Петрески.

Министерската Ангеловска викендов на јавноста и соопшти дека го формирала тимот на најблиски соработници, а повеќе медиуми пренесоа дека во него се наоѓаат и Гацов и Петрески.

Покрај нив како дел од кабинетот кој се уште не демантирал дека се наоѓа во истиот беа наведени имињата на Кристина Попова како биде шефица на кабинетот, Ивана Станковиќ како посебен советник за јавен долг и финансиски систем, Олимпија Христова-Заевска како посебен советник за меѓународни финансии, ИПА и односи со ЕУ и Ана-Марија Макеска, чија задача е да биде координатор на социјални медиуми и односи со јавност.

Во референците објавени на бизнис мрежата ЛинкдИн, новата коодинаторка за односи со јавност на Ангелоска се пофалила дека дел од нејзиното работно искуство подразбира примање на телефонски повици и јавување на телефон. Можеби токму преку телефонско пренесување на информациите до јавноста и е дојдено до оваа грешка во информирањето, поради која, уште непочнати со работа, двајца советници се дистанцираа од пласираните информации во врска со работата во кабинетот на Нина Ангеловска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата