(Видео) Колемишевски: Според „Херитаџ“, нашата држава е најслободна економија во регионот

16.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Колемишевски: Според „Херитаџ“, нашата држава е најслободна економија во регионот

Последниот показател за успешноста на економските реформи е растот на извозот во првите седум месеци од годинава кој е за 14,5 отсто поголем во однос на истиот период од 2018 година. Успесите во економијата се и меѓународно признати, изјави Кирил Колемишевски, претседател на Комисијата за економија на СДСМ.

„Според Индексот на економски слободи за 2019, објавен од фондацијата ‘Херитиџ’ државата е рангирана на 33. место во светот според индексот на економски слободи за 2019 година. Со тоа, нашата држава е најслободна економија во регионот.

При рангирањето, Индексот зема предвид четири фактори: владеење на правото, јавното трошење, регулаторна ефикасност и отвореност на пазарот. Нашата држава е оценета како макроекономски стабилна, а треба да се работи повеќе на фискалната политика, непродуктивните трошења и сивата економија.

Како одговорна партија сериозно ги сфаќаме и критиките на „Херитиџ“. Затоа, со политиките што веќе се имплементираат ќе се зајакне системот на спроведување на законите и подобрување на состојбите во адресираните прашања.

Продолжуваме посветено да работиме на спроведување на политиките што обезбедуваат економски раст и развој, зголемена конкурентност и стопанство ослободено од политички притисоци. Градиме развојна економија што отвора шанса за сите“, истакна Колемишевски.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата