Актерот Марк Руфало го предупреди Борис Џонсон дека лудите и силните, исто така можат да бидат глупави и деструктивни

16.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Актерот Марк Руфало го предупреди Борис Џонсон дека лудите и силните, исто така можат да бидат глупави и деструктивни

„Борис Џонсон заборава дека Хулк единствено се бори за доброто на сите “, рече Руфало доцна во неделата.

„Колку е полуд Хулк, толку е посилен“, изјави Џонсон за „Дејли мејл“ во неделата. „Хулк отсекогаш бегаше, колку и да изгледа дека е цврсто врзан, таква е оваа земја. Ќе бидеме надвор на 31 октомври“, додаде тој.

Џонсон подвлече паралела помеѓу британската позиција во разговорите за брегзит и фрустрацијата што ја чувствува Брус Банер, кој кога ќе се налути ќе стане Неверојатниот Хулк.

„Банер можеби беше врзан со окови, но ако се испровоцира, тој ќе ги скрши“, рече тој.

Руфало го предупреди британскиот лидер дека „лудите и силните, исто така можат да бидат глупави и деструктивни“.

„Хулк најдобро работи кога се сложува со својот тим, а катастрофа е кога настапува сам. Исто така, тој секогаш го имаше д-р Банер, односно наука и разум“, напиша актерот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата