LG може да се врати на пазарот на таблет уреди со моделот G Pad 5

16.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
LG може да се врати на пазарот на таблет уреди со моделот G Pad 5

Се појавија необични гласини дека LG би можел да се врати на пазарот на таблет уреди. Јужнокорејската компанија отсуствуваше од овој пазар повеќе од две години, но новите информации сугерираат дека во подготовка на LG G Pad 5 (моделот LM-T600 и кодно име TF10).

LM-T600L (или LMT600L) моделот во Јужна Кореја неодамна доби радио сертификација. Се појавија и некои други детали од различни извори, а кернел изворот укажува на два различни капацитети на батеријата: 6600mAh и 8200mAh. Можно е да се во подготовка неколку варијанти на таблетот, но во овој момент тоа се само шпекулации.

G Pad 5 е сертифициран од Google Play сервисот, кој открива и други спецификации. Тука е 10,1-инчниот дисплеј со резолуција 1920 x 1200p (16:10) и Android 9.0 Pie OS. Таблетот поддржува LTE, има сензор за отпечатоци од прсти, а му недостасува NFC поддршка. Интересно е дека кернел изворот укажува на веќе застанрениот Snapdragon 821 чипсет, спарен со 4GB RAM и 32GB простор за складирање.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата