Подгответе го вашиот дом за пристигнување на есента

16.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Подгответе го вашиот дом за пристигнување на есента

Додека уживате во последните денови од летото, подгответе се за пристигнувањето на есента и направете сè што е неопходно за да вашиот дом биде подготвен за студеното време кое наскоро пристигнува.

Пред сè, проверете го кровот и исчистете ги олуците затоа што сигурно во нив се насобрала нечистотија и проверете дали се потребни некакви поправки.

Исто така, се препорачува вратата и прозорците да ги обложите со самолепливи траки за изолација, за да топлината се задржува во просторијата која ја затоплувате.

Мебелот во дворот преместете го во гаража пред да почне сезоната на дождови. Пред да го направите тоа, секако дека треба да го исчистите.

За да спречите замрзнување на водата, затворете ги сите чешми на отворено. Освен тоа, исчистете ја сета нечистотија која се насобрала во цревата за вода.

Исчистете го дворот доколку сакате вашиот тревник да изгледа убаво на пролет. На тој начин ќе спречите појава на пир.

Подгответе ја лопата за снег и другите алати ставете ги на видливо место.

Проверете ја функционалноста на сите уреди.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата