Ќерката на Роџер Мур го гледа духот на својот покоен татко

16.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ќерката на Роџер Мур го гледа духот на својот покоен татко

Актерот Роџер Мур почина во 2017 година на 89-годишна возраст, но неговата ќерка Дебора смета дека нејзиниот славен татко сè уште ја контролира и ѝ испраќа јасни знаци. Нејзината теорија е дека таа постојано гледа 007 знаци и негови слики.

„Неодамна еден јапонски турист ме пресретна на улица и ме праша дали можам да го упатам до зградата на безбедносната служба МИ5.’Џејмс Бонд’, викаше тој, и верував дека тоа е тој, мојот татко кој ми се јавува. Од сите луѓе на улиците во Лондон, овој човек реши да ме праша. Мислам дека не може да биде случајно“, рече ќерката на Роџер.

Роџер Мур го глумеше Џејмс Бонд во седум филмови, од 1973 до 1985 година, што ја обележаа кариерата на британскиот актер. Почина по кратката битка со ракот, но до последен момент беше позитивен и сигурен дека ќе се излекува.

„Тој ќе им рече на лекарите да не му кажуваат лоши вести. Само сакаше да продолжи да ужива во тоа. Одеше на терапија и се бореше. Тој беше едноставно таков и затоа и сега мислам дека ми се јавува и така се шегува со мене“, рече ќерката на Роџер.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата