(Видео) Роналдо најмногу жали што неговиот покоен татко не го видел кога станал најдобар во светот

16.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Роналдо најмногу жали што неговиот покоен татко не го видел кога станал најдобар во светот

Кристијано Роналдо (34) дошол во емисијата на Пјерс Морган очекувајќи забавно, безгрижно интервју, а завршил бришејќи ги солзите со марамчиња. Британскиот водител му покажал видео во кое неговиот починат татко гордо зборува за него. Португалецот не можел да ги запре солзите кога го видел Хозе Динис Авеиро на екран.

Во краткото видео, Хозе зборува за неговиот син и неговите достигнувања додека тој стои на влезот во куќата. Роналдо го загубил својот татко кога имал само 20 години. Хозе Динис Авеиро бил војник, а откако се вратил од војните во Мозамбик и Ангола, се одал на алкохол. Починал од откажување на црниот дроб во 2005 година.

„Мислев дека интервјуто ќе биде смешно, не очекував да плачам. Никогаш не сум го видел ова видео. Морам да го покажам ова на моето семејство. Јас навистина не го познавав татко ми многу. Тој беше алкохоличар. Не можев да разговарам со него. Немавме ниту еден нормален разговор. Беше тешко“, рече Роналдо.

Водителот Пјерс Морган го прашал поради што најмногу жали.

„Тој не ме виде кога станав најдобар во светот, кога добив награди. Тој не виде што постигнав. Целото семејство го виде тоа, мајка ми, браќата, дури и најстариот син. Но, таткото, тој не виде ништо“, рече тој.

Роналдо израсна практично само со својата мајка. Дури и денес, кога има свое семејство, тој е неверојатно поврзан со неа.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата