ВМРО-ДПМНЕ: Странските директни инвестиции во Македонија за првите 6 месеци имаат пад од 84,2%

16.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВМРО-ДПМНЕ: Странските директни инвестиции во Македонија за првите 6 месеци имаат пад од 84,2%

Економската година која ја најавуваше СДСМ се претвори во економска катастрофа за Република Македонија. Македонската економија со оваа неспособна власт го допре дното во Европа и не може да се носи ниту со земјите од регионот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во ситуација кога економијата тоне, власта наместо развојни проекти нуди популистички мерки без ефект кои сериозно ја загрозуваат економијата и од кои единствено корист имаат компаниите блиски до СДСМ. Капиталните инвестиции и индустријата кои можат да ја придвижат економијата и да донесат развој со оваа власт имаат поразителни бројки. За првите 6 месеци од 2019 година капиталните инвестиции изнесуваат ниски 24,5%, што покажува дека СДСМ не се способни да го реализираат тоа што и самите го испланирале. Додека пак бројот на работници во индустријата е опаднат за 2,5% , што значи дека индустријата опаѓа, а економијата е во колапс. Дополнително на тоа погрешните економски политики на СДСМ почнаа да ги одвраќаат инвеститорите. Затоа и странските директни инвестиции за првите 6 месеци имаат пад од 84,2% споредено со минатата година и изнесуваат само 48,7%. За споредба соседна Србија за истиот период има 1,7 милијарди евра, Словенија 561 милион, а Бугарија 286 милиони евра. Тоа е доказ дека е повеќе инвеститори наместо во Македонија се одлучуваат да инвестираат во соседството, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека власта веќе трета година ги троши најголемите буџети во историјата на државата,а ништо немаат сработено и граѓаните немаат никаков бенефит.

Задолжувањето забрзано расте и за прв пат е над 5 милијарди евра, а заедно со тоа расте и сиромаштијата и заради СДСМ над 500.000 граѓани се под прагот на сиромаштијата. Криминално рекетарската влада предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев секојдневно ја разграбува државата и ги донесе до питачки стап граѓаните на Република Македонија. Со СДСМ и Зоран Заев Република Македонија секој ден се повеќе тоне. Потребни се итни предвремени парламентарни избори за што побрзо да започне обновата на Македонија, посочуваат од партијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата