Вештакот на СЈО стана советник на министерката за финансии (ФОТО)

15.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вештакот на СЈО стана советник на министерката за финансии (ФОТО)

Министерската за финансии Нина Ангеловска објави дека го формирала тимот на најблиски соработници, кој е доминантно женски, но, како што посочува Ангеловска, балансот во советниците е воспоставен со надворешните експерти од полето на даночната политика и макроекономијата.

„Верувам дека формирав професионален и енергичен тим, тим кој нема да прифаќа „не, тоа не може” без пред тоа да ги проба сите начини и креативни солуции. Тим кој е подготвен да ги стави сите свои капацитети во служба на државата, да се заложи максимално за да предизвика промени и да придонесе кон градењето на силна економија, прогрес кој ќе стои на цврсти нозе, кон подобрување на ефикасноста на нашето општество, кон елиминирање на административните стеги, кон продуктивно трошење на секој денар на граѓаните, кон креирање поволна клима за бизнисите, кон квалитетни услуги и пристап за сите граѓани, кон поквалитетен живот за сите нас. Тим кој има широки интердисциплнарни познавања и меѓународно искуство и кој ќе биде посветен на постојано унапредување на фискалната транспарентност и фискалната дисциплина“, напиша таа на фејсбук.

Инаку, Кристина Попова ќе биде шефица на кабинетот на министерката, Ивана Станковиќ ќе биде посебен советник за јавен долг и финансиски систем, Олимпија Христова Заевска ќе биде посебен советник за меѓународни финансии, ИПА и односи со ЕУ, Ана Марија Макеска ќе биде координатор на социјални медиуми и односи со јавност, додека во кабинетот уште влегуваат универзитетскиот професор Марјан Петрески и даночниот експерт Павле Гацов.

Павле Гацов е особено интересна фигура, лиценциран вештак за економски вештачења, кој без важечка лиценца во тој период, во рекордни рокови од по 24 часа, ги потврдуваше обвиненијата на СЈО во своите вештачења.

Дали е ова награда за сработеното за СЈО, останува да се види.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата