Вучиќ : Не сакаме Америка да ни биде непријател

15.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ : Не сакаме Америка да ни биде непријател

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави дека Србија нема да гради непријателски односи со Соединетите американски држави, туку напротив,
работи на нивно подобрување, со цел да бидат како порано.
        
„Јас нема да ја водам земјата, а Америка да ја имам како непријател. На Србија и се доста крв и пропаѓање“, рече Вучиќ на комеморацијата на 75-годишнината од спасувањето на американските пилоти во мисијата ,,Халијард”.Тој ги замоли Соединетите американски држави да го „разберат овој повик“, иако знае дека „тие нема да ги променат своите политики поради една мала Србија“.
        
Тој преку американскиот амбасадор во заминување, побара од американската влада да ја сослуша Србија за прашањата што се важни за неа, како што е Косово, „и за кои веројатно никогаш нема да се договорат“.Вучиќ рече дека Србија треба да се запраша што направила, за по големото сојузништво во двете светски војни, сега од Американците од големи пријатели да направи непријатели.
        

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата