Брнабиќ и нејзината партнерка прошетаа со Парадата на гордоста низ Белград

15.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брнабиќ и нејзината партнерка прошетаа со Парадата на гордоста низ Белград

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прошета со нејзината партнерка на Парадата на гордоста и најави дека Белград ќе се кандидира за Европската гордост (ЕуроПрајд) во 2022 година. Премиерката на Србија пристигна на парадата со нејзината партнерка Милица Ѓурѓиќ. Европскиот прајд е најголемата меѓународна манифестација во Европа, на која се собираат стотици илјади гости.

,,Сакам да му се заблагодарам на целиот тим за организирање на Парадата на гордоста. Мислам дека пораката за мир, толеранција повторно се испраќа денес и тоа се вредности што ние во Србија треба да ги зачуваме и да ги промовираме. Мислам дека Србија се движи во вистинската насока. Секако, мислам дека нашето општество станува се толерантно.Секако дека има многу повеќе проблеми, но важно е секој ден малку по малку да ги решаваме. Важно е кога зборуваме за човекови права да не се делиме, да не се поделуваме политички, туку сите заедно да работиме”, рече премиерката.

Група крајни десничари денес се обидоа да ја спречат Парадата на гордоста, при што се судрија со полицијата. Пет лица беа уапсени.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата