Следната сезона на „Современо семејство“ ќе биде последна

7.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Следната сезона на „Современо семејство“ ќе биде последна

Популарната серија „Современо семејство“ која има освоено 22 Еми награди се ближи до својот крај. Продуцентите најавија дека следната, 11. сезона ќе биде последна.

Актерот Џеси Тајлер Фергусон, кој го глуми Мичел, на „Твитер“ напиша: „Тешко ќе ми биде да се простам. Го сакам моето семејство“.

Нолан Гулд, кој го глуми Лук, им се заблагодари на фановите преку официјалниот профил на серијата на „Твитер“.

„Современо семејство“ освои многу награди за овие 10 години. Меѓу другото и Еми за најдобра комедија, Залтен глобус и четири награди од Здружението на филмски актери.

Претседателката на одделот за забавна програма на телевизијата „Еј-би-си“ на која премиерно се емитува „Современо семејство“ ја опиша серијата како една од најоригиналните комедии во историјата на телевизијата.

„Во последната сезона може да очекувате изненадувања кои не смеете да ги пропуштите“, им порача таа на фановите.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата