Нора Шаќири го покажа трудното стомаче - БРЕМЕНА И ПРЕСРЕЌНА (ФОТО)

14.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нора Шаќири го покажа трудното стомаче - БРЕМЕНА И ПРЕСРЕЌНА (ФОТО)

Некогашната македонска ТВ водителка и модел Нора Шаќири е бремена… и тоа до„заби“ што би рекле старите, откако јавно го покажа трудничкиот стомак! За нејзината бременост знаеа само најблиските, зашто Нора јавно не ја експонираше истата, се додека трудничкoтo стомаче веќе не можеше да се скрие.

Среќната вест дека таа и нејзиниот сопруг, музичарот Марко Марковиќ ќе станат за прв пат родители на шеговит начин ја објавија на социјалните мрежи, откако на нејзиниот Инстаграм профил осамна нивната фотографија од лифтот.

 

 

„Не гледајте во друго, чантата е битна. Подарок за „подмочување… Благодарам данка и Иво,,,“ – напишала некогашната водителка и политичка „шарена активистка“, сакајќи „божем“ да го одврати вниманието, а всушност да го најави скорешното доаѓање на свет на нејзиното прво чедо.

Инаку, Нора и Марко долги години се забавуваа и беа во врска, а во 2016-та година и официјално ја крунисаа својата љубов со „мешовит брак“.

 

 

Нора Шаќири е дипломиран социјолог, а јавноста ја знае и како родена сестра на Бени Шаќири од „Нон Стоп“. Пред Нора сега е најголемиот тест, како младата мајка да го обзнани раѓањето на своето првенче кое наскоро треба да дојде на свет!

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата