ЕУ со нови прописи за ИТ компаниите

14.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕУ со нови прописи за ИТ компаниите

Европската Унија (ЕУ) може да воведе правила за да ги спречи компаниите да ги злоупотребат податоците коишто ги собираат, потврди Европскиот комесар за заштита на конкуренцијата, Маргрет Вестагер.
        
„Ако сакаме да го дефинираме пазарот, да утврдиме што е прифатливо, а што не, тогаш она што ни треба не е поголемо спроведување на законот за конкуренција. Ни треба регулатива“, рече Вестагер.Таа додава дека може да им се потребни и посеопфатни правила за да бидат сигурни дека начинот на кој компаниите ги собираат и користат податоците не им штети на основните вредности на општеството.
        
Нејзините коментари сугерираат дека ЕУ може да воведе нови правила што специфично ги опфаќаат технолошките компании и нивната употреба на податоци.За време на нејзиниот мандат, американските компании Гугл и Калком беа казнети со вкупно околу десет милијарди евра, откако судот откри дека тие ги блокирале конкурентите.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата