Договорот за „Шпански скали“ сe уште не е раскинат, па влакно не им фали на актуелните министри

14.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Договорот за „Шпански скали“ сe уште не е раскинат, па влакно не им фали на актуелните министри

СЈО не виде криминал во Шпански скали, Рускоска во еден ден го виде предметот и притвори 11 луѓе, коментира претседателот Христијан Мицкоски на прашањето дали може политичка партија да биде објективна и да ја истурка правдата за која се задолжени обвинителствата.

Во првиот момент кога стигна Шпански скали кај Рускоска, следниот ден од одмор го вратија истражниот судија за да ги стави во предмет 11 луѓе и за да констатира дека има индиции за некаков си криминал. Во притвор, а сега во куќен притвор се член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ затоа што не го раскинале договорот, а замислете, на никој од тие што се денеска актуелни министри, зашто и тие се уште го немаат раскинато договорот, влакно не им фали од главата. Тоа е објективност на истрагата, прашува Мицкоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата