ВНИМАВАЈТЕ, СЕ СНИМА: Со дрон најден човекот што пали отпад во Сарај!

14.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВНИМАВАЈТЕ, СЕ СНИМА: Со дрон најден човекот што пали отпад во Сарај!

Жител на Сарај кој палел органски отпад на својата нива е снимен со дрон од Инспекторатот на Град Скопје. При инспекциски надзор во Сарај, каде секојдневно се палат ниви и стрништа, со дронот е направена снимка како лицето го спалува отпадот, по што се шири густ чад наоколу. Од видео снимката идентификувано е лицето и против него ќе биде поднесена прекршочна пријава.

Ова е сторен прекршок по член 24а и казнив по член 139 став 1.4 од Законот за управување со отпад. Казната за овој прекршок изнесува 1.000 евра. Во овој случај дронот го употребивме првпат, но тој ќе биде секојдневно ангажиран за снимање на теренот и за откривање на загадувачите на воздухот. Тој поседува и камера за ноќно снимање, па со него ќе се вршат прелети и во текот на ноќта за лоцирање на критичните точки кои предизвикуваат загадување – информираат од Инспекторатот на Град Скопје

Додаваат дека инспекторите на Град Скопје се континуирано на терен, организирани во дежурства, и ја следат состојбата со загадувачите на животната средина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата