Уапсена Романка во Грција, која имала 401 пасош

13.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уапсена Романка во Грција, која имала 401 пасош

Романска државјанка на 49-годишна возраст била уапсена на грчкиот меѓународниот аеродром „Елефтерос Венизелос“ кога во нејзиниот багаж полицијата пронашла 401 пасош и документи издадени од разни земји.

Истрагата на полицијата за организиран криминал и трговија со луѓе покажала дека повеќето од документите биле пријавени како украдени или изгубени. Жената е обвинета за илегално поседување туѓи патни документи и за шверцување. Таа треба да се појави пред јавен обвинител во Атина.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата