Тежок ден, пораз за албански терористи во Прешево

12.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тежок ден, пораз за албански терористи во Прешево

Припадниците на БИА денеска во куќа на Албанец во селото Печено во општина Прешево, открија скриено оружје, кое потекнува од периодот на делувањето на бившата терористичка ослободувачка војска на Прешево, Бујановец и Медвеѓе. Пронајденото оружје се наоѓало во исправна состојба.

Како што пренесуваат српските медиуми, овој арсенал бил сокриен на само 300 метри од базата на Војската од Србија “Печено брдо”. За сега се испитуваат околностите и мотивите, односно дали бил планиран напад на српската војска.

Спрема информациите на Новости во импровизираниот и маскираното скривалиште, пронајдени се две полуавтоматски пушки, една војна М48, една модификувана која користи ловечка муниција и еден калашников.

Инаку оружјето припаѓало на терористите кои во текот на конфликтот од 2001 командуваше Реџеп Алија, алијас Реџепа.

Ова е второ по ред откривање на нелегално оружје на подрачјето на Прешево во последните девет месеци, кои го изведоа припадниците на БИА.

Инаку, граѓаните кои поседуваат илегално оружје може да бидат казнети со парична казна од 7.500 евра или затворска казна во траење до пет години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата