Димса му пушти одговор на Кирацо': Ајде Кирацовски биди мажиште - не мажуле

12.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Димса му пушти одговор на Кирацо': Ајде Кирацовски биди мажиште - не мажуле

Прво и основно што Кирацовски не го знае за мене е дека не се плашам од никого, а најмалку од него за да поставам јавно прашања во интерес на вистината и граѓаните и најмалку фамозниот Кирац ќе ме заплаши ?

Второ, во длабок очај на еден давеник во сомнеж за криминал до гуша се препознава закани за тужби и тука на дело се гледа задушување на слободата на говор во Република Македонија ❌?? Сепак личи тоа на СДСМ
Трето, ајде Кирацовски биди мажиште - не мажуле, свесно чекав да изминат 48 часа, ве чекам да тужите заедно со адвокатов твој, подготвен сум да ги соочиме аргументите на Суд, иако е под ваша контрола.

Да знаеш дека ќе ти ги поставам истите прашања од пресот и повторно ќе ја констатирам твојата блискост со Боки 13, документирана преку слики.

Повели тужи, ама ако не тужиш, на јавноста уште еднаш ќе и потврдиш дека само сакаш да се закануваш и да цензурираш и дека си заглавен до гуша и сé ова го правиш во очај.
Јас сум подготвен и ја чекам тужбата уште денес. Вистината е на моја страна!

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата